X
 31.08.2017 Технологија

НАСА објави снимка од најбрзиот авион на сите времиња


Најбрзиот авион на светот
(Фото: Getty images)


Со максимална брзина од 3,2 маха (3.500 километри на час) Lockheed SR-71 Blackbird или црната птица, е најбрзиот авион во историјата на авијацијата.

Овој тип извидувачко летало го произведуваше компанијата „Локид Мартин“ во шеесеттите години, но беше повлечено од употреба пред распаѓањето на Советскиот Сојуз.

При најголемите брзини, неговото титаниумско тело се загревало до температура од 480  Целзиусови степени, а максималната висина на летање изнесувала 25.900 метри. Пилотите носеле специјална облека отпорна на притисок, која вклучувала и космонаутски шлем.

Црната птица своевремено била побрза од секој проектил, а единствената причина поради која е запрено ова летало биле превисоките трошоци за воени операции.

Од 1964 до 1998 година биле произведени вкупно 32 авиони, кои успешно извеле повеќе од 4.000 операции.

Наследникот на ова летало – Lockheed SR-72 - наводно во моментов е во изработка, пренесува „Бизнис инсајдер“.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија