На почетокот на овој месец НАСА ја објави првата мисија со која ќе го лансира нивното „чудовиште“ од ракета, наречено „Space Launch System“.
Во 2018 година НАСА ќе испрати 13 сателити со големина на кутија од чевли наречени „CubeSаts“, чијашто цел ќе биде да студираат различни аспекти на животот во вселената како и ледените депозити на Месечината. Главната цел на ракетата ќе биде за длабоки вселенски мисии на НАСА до Марс и пошироко.
Повисока од Статуата на слободата и способна да носи двојно поголема тежина од било кое друго поранешно вселенско летало на НАСА, „Space Launch System“ ќе пренесува четири астронаути подалеку во вселената од било кога претходно. Првиот беспилотен тест лет на оваа ракета е закажан за септември 2018 година.
Центарот за вселенски летови на НАСА создаде серија на табели и инфографици кои покажуваат колку револуционерна е оваа ракета за иднината на вселенското летање.
Линк до галеријата.