X
 18.10.2018 Економија

25 земји каде што живеат најквалификуваните работници

Во која земја живеат најквалификуваните работници? Според Извештајот за конкурентност на Светскиот економски форум, треба да си резервирате лет за Финска ако сакате да запознаете високо квалификувани работници. Во категоријата на вештините, работната сила на оваа скандинавска земја добила 87,9 од вкупно 100 поени.

Според извештајот, со поените се оценува генералното ниво на вештини кај работниците и квантитетот и квалитетот на образование.

- Иако концептот за образовен квалитет постојано се развива, важните фактори за квалитет денес вклучуваат: развој на дигитална писменост, меѓучовечки вештини и способност да се размислува критички и креативно - стои во извештајот.

Дополнително, во извештајот се наведува дека високо образованите општества се попродуктивни.

Ова се земјите со најквалификувани работници:

25. Чешка (73,7 поени)

24. Малезија (74,2 поени)

23. Латвија (74,5 поени)

22. Луксембург (74,7 поени)

21. Тајван, Кина (75,6 поени)

20. Сингапур (76,0 поени)

Фото: Business Insider

19. Хонгконг (77,4 поени)

18. Естонија (78,0)

17. Австрија (78,4)

16. Белгија (79,5)

15. Ирска (79,9)

14. Израел (80,0)

13. Обединетото Кралство (80,2)

12. Австралија (81,0)

11. Канада (81,0)

10. Нов Зеланд (83,2)

Фото: Business Insider

9. Исланд (83,3)

8. Норвешка (83,9)

7. Шведска (84,2)

6. Холандија (84,5)

5. Данска (84,9)

4. Германија (85,4)

3. Соединетите Американски Држави (86,3)

Фото: Business Insider

2. Швајцарија (87,3)

Фото: Business Insider

1. Финска (87,9)

Фото: Business Insider
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија