Секој од нас при споменувањето на Романија прво нешто на што помислува е дека станува збор за нација измачена од владеењето на Николај Чаушеску, а моментално најсиромашната држава во рамките на ЕУ. Факт е дека некогаш Романија беше таква држава.
Денес Романија е втората најбрзорастечка економија во Европската Унија, веднаш зад Ирска. Многу познавачи тврдат дека Букурешт, некогаш познат како „малиот Париз на исток“, навистина се претвора во „мал Париз на исток“ каде што „извираат“ технолошки компании.
Во еден округ во оваа земја, Бистрица-Насауд, нема невработени лица. Нивниот број е нула. Згора на тоа, во четири града и 325 села, со население од 300 до 330.000 жители, тамошното стопанство итно бара дополнителни 3.000 работници.
Просечната плата во оваа земја изнесува 550 евра, а храната и другите потреби на едно просечно семејство, како и цената на горивото, значително се пониски во однос на европскиот просек. Само од 2012 година до денес во овој округ се слеале околу половина милијарда евра од европските фондови.
Во 2012 година од Француска Гвајана, Романија го лансира својот прв сателит. Две години подоцна оваа земја стана косопственик на Меѓународната вселенска станица.
Што се однесува до инвестициите, само во 2006 година, во пресрет на влезот во ЕУ, Романија остварила речиси девет милијарди евра инвестиции. Во 2013 година, во Романија почна научниот ласерски мегапроект
Extreme Light Infrastructure, кој годинава треба да биде финализиран, што ќе значи и нови 350 милиони евра вложувања.
Најважно е што Романија успеа значително да ги намали страшните нивоа на социјални разлики и сиромаштија. Во 2012 година околу 4 проценти од граѓаните имале по 3 евра дневно за преживување. Романија ја преживеа и економската криза од 2008 година и ја среди политичката ситуација; за разлика од опкружувањето каде што „цветаат“ десничарски, авторитарни, па дури и турбоконзервативни влади, оваа држава има граѓанска власт.
Во својот извештај за состојбата на интернет-комуникацијата, Акмаи ја прогласи Романија за земја со најбрз интернет во Унијата, со 57,7 Mbps во третиот квартал од 2015 година, што било шести резултат на светско ниво.
На домашните индустриски џинови како
Dacia, Petrom, Rompetrol, Romstal, Mobexpert, Bitdefender... им се надоврзуваат и компании како
Daewoo и
Siemens. Дваесет и пет проценти од БДП на Романија се однесуваат на инвестиции. И сето ова се случува во земја каде што две третини од работниците се вработени во мали и средни претпријатија. Потоа следуваат ИТ-секторот, биотехнологијата и рударството.
Образовниот систем во Романија особено се развива во насока на високи и ИТ- технологии.
Сергеј Жупаниќ /
извор