Недоволно сон, отежнато донесување одлуки и избегнување на пријателите се вообичаени знаци дека сте под закана на нервен слом. Овие се симптомите кои упатуваат дека сте на линија на одржливост, никако не треба да се игнорираат:
1. Мечтаете за заминување
Сите имаме природно одреден степен на емоционална еластичност која ни помага да ги преживееме трауматичните случувања и периодите на депресија и мачнина. Мечтаењето да се побегне од моменталната животна ситуација е дел од тој вроден одбранбен механизам. Лимбичкиот систем во мозокот препознава дека таа моментална ситуација претставува закана за вашето здравје, па ви праќа порака да избегате од неа. Префронталниот кортекс на мозокот на тие истинктивни импулси му возвраќа со логика и мисли како што се „морам да издржам, можам да го пребродам тоа“ и слично. Но, доколку вие како единствено решение го гледате „бегството“ или „се помирувате со тагата“ значи дека сте западнале во црно-бела шема на размислување, што е класичен знак за депресија. Имено, секогаш постојат и многу други опции кои се очигледни за сите околу вас, освен за вас.
Фото: Pixabay
2. Никогаш не се опуштате
Чувството на тешкотија и мака има кумулативно дејство, па затоа е многу важно секој ден да се одвои извесно време за опуштање и „исклучување“ од грижите. За жал, кога некој е длабоко обземен со мака и депресија, тешко му е да прифати дека и самото мирно седење и правилно дишење можат да донесат некаква промена.
3. Тешко донесувате одлуки
Тешкото донесување одлуки дури и кога се работи за мали, небитни одлуки, како на пример, какви житарки да јадете за појадок, може да биде еден од најраните предпредувачки знаци дека нешто не е во ред со вашето ментално здравје. Зад тоа се крие стравот од грешка, а тоа упатува на постојан сомнеж во себе и своите способности.
4. Избегнувате дружење
Кога човек се чувствува претоварен со работа или емоции, логично е да има инстинктивна потреба да се изолира, затоа што мозокот настојува да ја избегне секоја дополнителна стимулација или напор. Но, токму во тоа е и проблемот, затоа што недостатокот на поддршка од околината ја влошува состојбата на депресивност и го поттикнува чувството на осаменост и негативна перспектива.
5. Не можете да спиете
Нарушувањето на сонот е класичен симптом на депресија и тешкотија. Телото ги метаболизира хормоните на стрес во текот на спиењето, што значи дека доколку не спиете, не го регулирате своето ниво на стрес, туку го акумулирате.
6. Имате напади на паника
Кога депресијата не се лекува, може да предизвика панични напади, а после првиот таков напад, се јавува страв дека би можело да се случи и следен, а всушност, таа грижа за „можен следен напад“ е поопасна од самиот напад.
7. Се саботирате самите себе
Свесни сте дека шеќерот е штетен и дека алкохолот во поголеми количини го зголемува ризикот од депресија, но сепак продолжувате да пиете и да конзумирате слатки работи, речиси компулзивно. Таквото намерно нанесување штета кон самиот себе, всушност е несвесен повик за помош, како да размислувате: „ако навистина се разболам, некој ќе мора да го забележи тоа и ќе ме присили да се одморам“.
8. Губење самодоверба
„Напорна работа“ и „труд“ можеби се стандарди кои сте ги усвоиле уште во детството и досега ви носеле само пофалби и позитивни реакции. Но, моментално сте во ситуација кога ништо не ви успева, без оглед колку труд вложувате во тоа. Можеби некаде во себе знаете дека тоа не е ваша вина, но се чувствувате како да сте потфрлиле и се срамите пред другите заради тоа. А можеби и се прашувате и кои сте сега воопшто кога веќе не сте повеќе „способни“ или „успешни“ како претходно?