X
 06.09.2017 Технологија

Еве како помалку да го трошите интернетот на мобилниот


Девојка со мобилен в раце
(Фото: Pixabay)


Сурфање по веб-страниците, гледање видеозаписи, часови и часови на „Фејсбук“... Сите овие можности што ни ги обезбедува нашиот смартфон воедно го „јадат“ интернетскиот промет. Ако немате flat rate, еве како можете да ја намалите потрошувачката: со правилен избор на апликации за оперативниот систем „Андроид“, кои значително го намалуваат прометот на податоци, а притоа не морате да го менувате начинот на кој го користите вашиот смартфон.

Ова се најдобрите апликации што можете да ги користите за штедење на прометот на податоци:

Opera Max

Ова е бесплатна апликација за виртуелни приватни мрежи (virtual private networks, VPN) која ги компресира вашите податоци и до 50 проценти за да ја намали потрошувачката на прометот на податоци. Во случај кога некоја од вашите апликации ќе се поврзе на интернет, таа врска ќе биде пренасочена преку серверите на Opera каде што ќе бидат компримирани пред да ги преземе вашиот смартфон. Исто така, оваа апликација ја следи потрошувачката на мобилниот интернет и преку Wi-Fi за речиси сите апликации, вклучително и „Јутјуб“. На располагање ви се и низа функции за заштита на приватноста и блокирање на следењето.

Opera и Opera Mini

Двата прегледувачи на Opera работат на сличен начин како и апликациите за VPN на таа компанија, само со податоци на вебот. Пребарувачот Opera ја нуди функцијата Opera Turbo која ги компресира веб-страниците, вклучително и фотографиите и видеозаписите. Пребарувачот се базира на Chromium, па затоа ги обработува страниците исто како пребарувачот Хром на „Гугл“, само што поседува и дополнителни функции. Opera Turbo може да ги компресира содржините и до 50 проценти, а Opera Mini –до десет проценти.

Facebook Lite

Главната официјална апликација на „Фејсбук“ е позната по тоа што има големи побарувања кога станува збор за трансфер на податоци. За среќа, можете да ја замените со полесна верзија, наменета за паметните телефони со послаби можности. Можете да ја проверите и бесплатната апликација Friendly for Facebook, која го нуди мобилното издание на веб-дестинацијата на „Фејсбук“ со повеќето очекувани функции, но со помала потрошувачка на промет на податоци.

NetGuard

Изданијата  на апликацијата Android 6.0 Marshmallow не бараат стриктно од вас дозвола за спојување на интернет. Тоа значи дека тие можат да се вклучат и без ваше знаење. Се разбира, постои решение и за тоа. Но, не е толку едноставно.

Изданието Android Nougat има функција на Data Saver која ќе ги спречи во тоа. Отворете Settings, па Data usage, а потоа и Data Saver за да можете да ја активирате.

Во постарите изданија на оперативниот систем на „Гугл“ за мобилни телефони тоа морате да го направите рачно за секоја апликација. Отворете Settings, потоа  Apps, одберете апликација и потоа рачно изберете Data usage, а потоа и Restrict app background data.

Втора опција е апликацијата за firewallNetguard, која нуди целосна контрола на тоа која апликација се вклучува на интернет и кога го прави тоа, препорачува Make Use Of.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија