X
 24.06.2019 Живот

Најголемата грешка на Бил Гејтс

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, на настан на фирмата „Вилиџ глобал“, каде што присуствуваше како гостин, откри дека најголемата грешка што некогаш ја направил е кога дозволил „Гугл“ прв да ја отпочне приказната „Андроид“.

 - Во светот на софтверот, особено кога станува збор за платформи, тоа е пазар на кој победникот зема сѐ. Значи, најголемата грешка направена некогаш ми беше лошото управување што доведе до тоа денес „Мајкрософт“ да не е она што е „Андроид“ - истакна Гејтс.

Тој додава и дека е природно и очекувано „Мајкрософт“ да бил победникот.

- Има место само за еден оперативен систем кој не е на „Епл“ и колку тоа чини? 400 милијарди за да заврши со М (Мајкрософт) наместо со Г (Гугл) - истакна Гејтс.

„Гугл“ го купи „Андроид инк“ за 50 милиони долари, а во 2007 година најави нов мобилен концепт што ќе овозможи пристап до интернет за поголем број луѓе.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот