Македонски ученици освоија неколку медали на Балканската и на Европската олимпијада по информатика кои се одржаа во Софија, Бугарија.
За првпат годинава, во рамки на Балканската, се одржа Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ), на која се доделија 8 златни, 14 сребрени и 22 бронзени медали за најталентираните млади програмери. На Македонија брозен медал и донесе ученикот Даријан Шеќеров од Скопје, познат по неговата наградувана апликација „Слико збор“, наменета за деца со аутизам која ја направи на 15 годишна возраст.
Шеќеров заедно со Благоја Овезоски од Прилеп, Кристина Тасева од Скопје и Благојче Павлески од Прилеп, постигнаа одличен успех на 11. Јуниорска балканска олимпијада по Информатика и освоија три бронзени медали.
На годинешната Јуниорска балканска олимпијада по информатика учествуваат тимови составени од најмногу четири натпреварувачи - ученици до 15 години.
Следен домаќин на Европската олимпијада по информатика ќе биде Русија.