Министерството за образование и наука објави јавен повик за покривање трошоци за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар во текот на 2022 година од областа на математиката, информатиката и природните науки за основно образование.
На повикот може да се пријават акредитирани здруженија на наставници за организирање на натпреварите на учениците од основните училишта од страна на Министерството за образование и наука.
Под меѓународен натпревар се подразбира натпревар на кој учествуваат ученици од најмалку десет различни држави, на кој се споредуваат знаењата помеѓу учениците од различните држави и се врши рангирање на најдобрите ученици од сите земји што учествуваат на меѓународниот натпревар.
Министерството за образование и наука за 2022 година ќе ги покрие трошоците за учество (котизација и пат) на еден меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните наука, за најмногу шест ученици и најмногу три ментори, чија бројка зависи од правилата на организаторите на меѓународниот натпревар.
Акредитираното здружение на наставници до МОН поднесува барање со следната документација во прилог:
-решение за акредитација на здружението на наставници за организирање на натпревари за општинско, регионално и државно ниво,
-известување за извршен избор на учениците кои ќе учествуваат на меѓународниот натпревар и податоци за истите,
-известување за ментори на учениците кои ќе учествуваат на меѓународниот натпревар и податоци за истите,
-известување од организаторот на меѓународен натпревар за висината на котизацијата за учество на натпреварот,
-пресметка за висината на патните трошоци, и
-доказ (потврда, покана, електронска страница и друго) за правилата на организаторите на меѓународниот натпревар каде што се наведени правилата за учество на меѓународниот натпревар, меѓу кои и податокот за бројот на учесници на секоја делегација.
(
линк за преземање образец на барањето)
Барањето со документите може да се доставуваат секој работен ден до Министерството за образование и наука (во писарницата на Министерството за образование и наука) или преку пошта на следната адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, со назнака „Јавен повик за покривање на трошоци за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар во текот на 2022 година од областа на математиката, информатиката и природните науки“, најдоцна до 31.10.2022 година.