Онлајн-светот креира речник со нови зборови и акроними. Еволуирањето на јазикот значи и отфрлање на некои зборови.
Експертите од Универзитетот „Јорк“ создале листа со 30 збора што веќе не се употребуваат при комуникација, но можно е повторно да се вратат во употреба. Истражувачите сакаат овие зборови да се вратат во блиска иднина бидејќи се релевантни за просечниот човек. Ова е
листата:
„Ambodexter“: Оној што прима мито од две страни.
„Betrump“: Да се измами, да се избега.
„Coney-catch“: Измама, да се направи будала од некого.
„Hugger-mugger“: Прикривање, тајност.
„Nickum“: Нечесно лице.
„Quacksalver“: Лице кое нечесно тврди дека има знаење или вештина од медицината.
„Rouker“: Лице кое шепоти, шири шпекулации и приказни.
„Man-millinery“: Сугестив на машка суета или помпезност.
„Parget“: Да го надуе или да го залепи лицето или телото со прав или со боја.
„Snout-fair“: Лица кои имаат фер, убаво лице.
„Slug-a-bed“: Оној што лежи долго време во кревет поради мрзливост.
„Losenger“: Лице кое лажно ласка, измамник.
„Momist“: Лице кое по навика наоѓа маана, остар критичар.
„Peacockize“: Однесување како паун – позирање.
„Percher“: Амбициозно лице, кое посакува висок статус.
„Rouzy-bouzy“: Весело пијан човек.
„Ruff“: Доминирање, фалење.
„Sillytonian“: Лековерен човек.
„Wlonk“: Горд, прекрасен, богат, одличен.
„Fumish“: Нерационален, избувлив, страстен, гневен.
„Awhape“: Зачуден, изненаден.
„Hugge“: Да трепери од страв.
„Merry-go-sorry“: Комбинација од тага и радост.
„Stomaching“: Лутина и незадоволство.
„Swerk“: Да се натажи, измачен, темен.
„Teen“: Да иритира, нервира, збеснува, да се повреди.
„Tremblable“: Предизвикување хорор.
„Wasteheart“: Изразување жалост, каење, разочарување или грижа.
„Dowsabel“: Се применува генерално како љубовен израз.
Ear-rent: Лице кое не слуша, односно не обрнува внимание на она што му се кажува.