X
 20.09.2017 Наука

Плановите на вселенските агенции за освојување на вселената

касини
Фото: NASA
Испраќаше податоци на Земјата до последниот можен момент, борејќи се против атмосферските сили кои наскоро го претворија леталото во прав. А потоа исчезна. Последниот лет на „Касини“ беше минатата недела и со тоа се затворија неколку прозорци до Сончевиот Систем.

Сега, откако „Касини“ го заврши своето патување, многу луѓе напорно работат за да обезбедат иднина на истражувањата за Сончевиот Систем. Во моментов нема некои планови за враќање во системот на Сатурн, и нема проекти кои би имале толку многу алатки и големи амбиции како оние на „Касини“. Но постојат неколку интригантни проекти што би можеле да ја пополнат „дупката“ што ја остави „Касини“.

Ноември 2017 - Во текот на ноември од НАСА се очекува да избере еден или повеќе кандидати за наредната мисија наречена „Нови граници“. Станува збор за пократок (и поевтин) проект од „Касини“, кој е дизајниран за испитување конкретни цели. „ОСИРИС-РЕКС“, „Џуно“ и „Нови хоризонти“ беа финансирани токму преку програмата „Нови граници“. НАСА во моментов разгледува 12 предлози, а во ноември ќе ги избере кандидатите за прелиминираното истражување што би можело да ја демонстрира можноста за проектот. Можните кандидати се Месечината, Титан, Енцелад, Венера и други.

1 февруари 2018 година - Ова ќе биде крајот за „Џуно“, кој орбитира околу Јупитер. „Џуно“ пристигна на Јупитер во 2016 година со мисија да орбитира околу гасниот џин 37 пати и да открие некои од тајните на составот и еволуцијата на Јупитер.

Август 2018 - „ОСИРИС-РЕКС“ е мисија за истражување на астероиди која започна минатата година, насочувајќи се кон Бену, далечен астероид. Ќе се сврти кон Земјата кон крајот на септември на патот до астероидот, до кој ќе пристапи во август 2018 година. Ќе започне да го испитува Бену во октомври 2018 година, подготвувајќи се за својата крајна цел - да земе примерок во јули 2020 година. За разлика од повеќето други планетарни научни вселенски летала, ова летало ќе се врати на Земјата. Доколку работите бидат во ред, дел од „ОСИРИС-РЕКС“ ќе падне во пустината Јута на 24 септември 2023 година, носејќи парчиња од Бену назад на Земјата.

Октомври 2018 година - НАСА не е единствената вселенска агенција. Во октомври 2018 година Европската вселенска агенција и Јапонската вселенска агенција ќе го лансираат „БепиКолумбо“, сет од два орбита, на едногодишна мисија во Меркур. НАСА има масовен спектрометар, кој ќе ја истражува егзосферата на Меркур.

1 јануари 2019 година - „Нови хоризонти“ ќе го зумираат „2014 MU69“, чуден објект што сè уште се обидуваме да го сфатиме.

Октомври 2021 година - Леталото „Луси“ треба да биде лансирано во 2021 година, а треба да започне да работи со тројанските астероиди од 2027-2033. Тројанците се чуден пакет од астероиди кои ја делат орбитата со Јупитер.

Август 2022 година - „Психеј“ е уште една мисија што ќе полета од Земјата во 2022 година, ќе слета околу Марс во 2023 година, на неколку километри од џиновски метал лоциран длабоко во астероидниот појас.

На почетокот на 2020, „Европа Клипер“ ќе биде една од најголемите мисии, која ќе биде лансирана некаде околу 2022 година. Вселенското летало ќе орбитира околу Европа барајќи знаци дали месечината на Јупитер со својот океан би била погодна за живеење. Истиот период, НАСА и ЕСА планираат да го лансираат „Џус“, кој исто така одблизу ќе ги анализира месечините на Јупитер.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука