X
 12.06.2018 Наука

Дел од спермата кој може да ја објасни неплодноста

Научниците открија целосно нова структура на спермата која може делумно да е одговорна за сѐ, од неплодност и спонтани абортуси до вродени маани.

Ако се сеќавате на лекциите по биологија од средно, можеби ќе ви текне дека центиролата е структура во цитоплазмата на клетката која помага во делбата на клетките. Она што го утврдиле истражувачите од Универзитетот од Толидо е дека има втора центирола во спермата, која истражувачите ја нарекуваат „атипична“ центирола и таа има многу чудни карактеристики.

- Абнормалностите во формацијата и функцијата на атипичната центирола може да се коренот на неплодноста од непознати причини кај паровите на кои не им се достапни опции за лекување. Исто така, може да има улога во спонтаните абортуси во рана бременост и дефектите во развојот на ембрионот - вели Томер Авидор-Рејс од Одделот за биолошки науки при Универзитетот.

Потребни се две центироли за да се создаде функционален центрозом и досега се мислеше дека спермата овозможува една центирола за јајце-клетката и потоа таа се дуплира.

- Со оглед на тоа што јајце-клетката од мајката не овозможува центироли, а спермата на таткото поседува само една препознатлива центирола, сакавме да знаеме од каде доаѓа втората центирола во зиготот - истакнува Рејс.

Тој додава дека во минатото оваа центирола била игнорирана бидејќи е сосема различна од познатата центирола во однос на структурата и протеинскиот состав.

Но, наместо да се дуплира, втората центирола си постои цело време, но изгледала доволно чудно што научниците не ја забележале. Атипичната центриола содржи мал сет на комплемент од протеини, што ѝ овозможува да создаде целосна и функционална центриола по оплодувањето. Но дали оваа структура ги предизвикува сите тие проблеми со фертилитетот? Рано е да се каже. 

Дополнителната центирола им дава на научниците нов дел за истражување кога другите познати проблеми не можат да ја објаснат неплодноста, спонтаните абортуси и вродените маани - но дефинитивно не значи дека секогаш треба да ја обвинуваме оваа атипична центирола.

- Ние работиме со Одделот за урологија при Медицинскиот центар во Универзитетот во Толидо за да ги проучиме клиничките импликации на атипичната центирола за да сфатиме дали е поврзана со неплодноста и со каков вид неплодност - рече Рејс.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука