Студенти од Јужна Африка ја создале првата тула направена од човечка урина.
Биотулата била произведена од студенти од Кејптаун, кои собрале урина од специјално дизајнирани машки вециња во инженерската зграда на универзитетот и ја измешале со песок и бактерии. Студентите велат дека одреден ензим во оваа мешавина реагира со урината и создава калциум карбонат, кој е главна компонента на варовникот, а служи за да ги поврзе преостанатите материјали.
Биотулите се направени во калапи на собна температура, отстранувајќи ја потребата за печки со висока температура. Азотот и калиумот, кои се од суштинско значење за комерцијални ѓубрива, се создаваат како нуспроизводи при процесот.
Фото: Robyn Walker
- Во овој пример земате нешто што се смета за отпад и правите повеќе производи од него. Можете да го користите истиот процес за секој отпад што е течен. Сѐ е до преиспитувањето на нештата - вели д-р Дилон Рандал, виш предавач по инженерство на квалитет на водата на Универзитетот во Кејптаун, кој го надгледувал проектот.
Идејата за користење урина за биотули претходно била тестирана во САД со користење на синтетички производи, но магистрандот Сузан Ламберт е првата што користела вистинска човечка урина за да создаде тула, велат од универзитетот.
Додека обичните
тули се печат на температура од 1.400 Целзиусови степени и произведуваат големи количини на јаглероден диоксид, биоциглите не бараат топлина.