X
 22.04.2024 Забава

Колку време и сила заштедиле луѓето што направиле патека низ тревата?

Неодамна на социјалната мрежа „Твитер“ се појави фотографија во Србија на која се гледа како луѓето со самото одење успеале да направат патека во тревата, па интернет-корисничката Марија Мариновиќ, веројатно во иронична конотација, прашува колку време и сила заштедиле оние што покрај бетонската направија и земјена патека низ тревата, со што ја уништиле тревата.

Во коментарите под фотографијата може да се прочита сѐ и сешто, меѓутоа, друг интернет-корисник си ја сфатил работата сериозно и успеал да пресмета колку време и сила навистина заштедиле луѓето.


Според равенката на интернет-корисникот Тасомир, луѓето заштедиле 1,23 метри на патеката и 0,81 секунда, што значи дека вредело да се направи патеката.

Извор: Twitter
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава