X
 25.09.2017 Живот

Слушнете успешни приказни на 25. Бизнис Кафе Македонија

На 28.09.2017 година (четврток) од 18:00 чaсот во Дистрикт барот во хотел Мериот ќе се одржи 25. Бизнис Кафе Македонија. Гостите ќе слушнат уаште неколку успешни професионални и животни приказни.



Зоран Мартиновски, раководител на МФК Корпорацијата на Светската банка за Македонија и Црна Гора и претседавач на Македонскиот економски самит, член на бордот на „Македонија 2025“, Јелена Арсовска, Managing Director на Меккен Скопје и Ранко Петровиќ - првиот човек на Радио Бубамара и организатор на популарното шоу „Златна Буба Мара на популареноста“ се гости на 25-тото по ред Бизнис Кафе Македонија. На 28.09.2017 година (четврток) од 18:00 чaсот во Дистрикт барот во хотел Мериот гостите ќе ги слушнат нивните успешни работни и животни приказни. Ова е добра прилика да слушнете нови искуства, да се мотивирате, и да запознаете нови потенцијални соработници.

Јелена Арсовска, е Managing Director на Меккен Скопје и е една од пионерите на македонската маркетинг индустрија, препознаена како професионалец кој се карактеризира со големо искуство, знаење и мотивациска моќ. Својата кариера ја започнала во агенцијата Њу Момент во која поминала седум години, напуштајќи ја на позицијата Директор за сервис на клиенти. Нејзиното работно портфолио понатаму се исполнува со Пристоп Групацијата каде работи како одговорна за развој, а потоа и со Идеа Плус Комуникејшнс каде ја извршуваше функцијата Директор. Почнувајќи од 2015 година, Јелена го предводи тимот на агенцијата Меккен Скопје на позицијата Managing Director.

Зоран Мартиновски, е раководител на МФК Корпорацијата на Светската банка за Македонија и Црна Гора и претседавач на Македонскиот економски самит, член на бордот на „Македонија 2025“. Тој е професионалец образован во Америка со повеќе од 20 години разновидно бизнис искуство. Од 2000 година тој започнува да работи како менаџер во Меѓународната финансиска корпорација на Свеската банка за Македонија и Црна Гора. Корпорацијата е одговорна за инвестиции и советодавни програми на инвестициите на приватниот сектор на ИФЦ во земјата. Претходните искуства на Мартиновски вклучуваат работење за неколку истакнати компании во Македонија, Европа и Америка. Меѓу овие компании се „Philips Electronics“, „Lexmark International“, “CKRA“ (Central Kentucky Research Associates), „PEM Consulting“, „TLC Vienna“ и „Технометал-Вардар“.

Ранко Петровиќ, третиот гостин на Бизнис кафе е првиот човек на популарното Радио Бубамара, 20 години режисер, сценарист и организатор на сатирично забавното шоу „Златна Буба Мара на популарноста“, идеолог на Крушевското туристичко востание и на многу препознатливи еколошки и општонародни неуспешни акции.

Дружењето на Бизнис Кафе Македонија трае два до три часа. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици – претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speed dating) и дружење. Учесниците на бизнис кафето добиваат еден пијалок од организаторот (кафе, сок или чај), нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

Картите по цена од 300 ден., ќе можете да купите:
– Online на Купи карти за се: https://www.kupikartizase.com/Events/business_cafe_25
– На фактура пратете маил на: mkbizniskafe@gmail.com или
– Директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот