X
 27.09.2017 Технологија

Суспендирано истражување што открива дека пиратеријата не ѝ штети на продажбата

европска комисија
Фото: Getty Images

Европската комисија плати 360.000 евра за истражување кое испитува како пиратеријата влијае врз продажбата на музика, книги, видеоигри и филмови со авторски права. Но ЕУ никогаш не го објави извештајот - веројатно затоа што утврди дека не постојат докази дека пиратеријата претставува проблем.

Холандската компанија „Екори“ била избрана за да направи истражување за влијанието на пиратеријата. Компанијата на крајот од истражувањето, во мај 2015 година, на ЕУ ѝ достави извештај од 304 страници. Извештајот заклучува: „Во принцип, резултатите не покажуваат силни статистички докази за влијание врз продажбата преку интернет-прекршувањето на авторските права. Тоа не мора да значи дека пиратеријата нема ефект, туку дека статистичката анализа не докажува со доволна сигурност дека постои ефект“.

Во извештајот се наведува дека илегалните преземања и стримови всушност ја зголемуваат законската продажба на игри, вели извештајот. Единствената негативна поврзаност на извештајот беа поголемите блокбастер-филмови. „Резултатите покажуваат стапка на поместување од 40 отсто, што значи дека за секој десет неодамнешни топ-филмови гледани нелегално, четири помали филмови се консумираат легално“, вели извештајот.

Истражувањето се појави во јавноста затоа што Џулија Реда, член на Европскиот парламент што ја претставува германската Пиратска партија, го објави на нејзиниот личен блог откако доби лична копија преку ЕУ слободниот пристап на информации.

Организацијата за европски дигитални права во блог објави дека целосната содржина на овој извештај е намерно задушена, укажувајќи на академски документ од 2016 година од страна на двајца претставници на Комисијата. Документот „Пиратеријата на филмовите и поместувањата на продажбите во Европа“, споменува само дел од извештајот на „Екори“ кој ја нагласува поврзаноста на пиратеријата и изгубените продажби на блокбастер-филмот, исклучувајќи ги другите наоди од извештајот. Дополнително, документот не ни потенцира дека цитираните информации доаѓаат од извештајот на „Екори“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија