X
 28.09.2017 Живот

Што е потребно за да бидете совршениот кандидат за работа?

работа
Фото: Printscreen/Youtube

„Гласдор“, најголемата веб-страница за барање работа, спроведе истражување во кое учествувале 750 менаџери. Тие донесувале одлука поврзана со вработувањето и го дале своето мислење за тоа кои се најважните вештини што идеалниот кандидат треба да ги има.

Резултатите покажаа дека 88 отсто од менаџерите се сложуваат дека  информираниот кандидат е квалитетен кандидат. Тој знае доста информации за компанијата и за позицијата, што дополнително го олеснува процесот на селекција.

Информираниот кандидат е:

- Подготвен за интервју и поставува релевантни прашања;
- Демонстрира правилно искуство;
- Ја знае и ја разбира улогата на работната позиција;
- Ги знае и ги разбира културата и вредноста на работната организација;
- Подготвен е и има реални очекувања за плата;
- Има приспособено CV и мотивациско писмо.

Задачата на кандидатот за работа е да се издвои од останатите. CV-то е она што го издвојува. Исто така, CV-то треба да ви обезбеди интервју за работа. А пред да се соочите со потенцијалниот работодавец, „Гласдор“ вели дека треба да направите истражување за самата компанија и за работната позиција што ја нуди.

На разговорот за работа:

- Покажете ги предностите и мааните на компанијата и како вие би можеле да придонесете за напредувањето на фирмата.

- Преговарајте за позицијата

- Поставувајте ги вистинските прашања.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот