X
 30.09.2017 Технологија

Научниците од МИТ создадоа супер „штосна“ работа!


Реклама
(Фото: Screenshot)


Група научници од МИТ го претставија својот најнов изум – рачен термостат кој може да ве грее и разладува, во зависност од временските (не)прилики.

Новиот уред наречен Embr Wave работи слично како стариот добар трик со ставање коцка мраз на внатрешната страна од рачниот зглоб за да се разладиме, или ставање на раката околу шолја со врел пијалак за да се згрееме.

Уредот ја испорачува персонализираната температура на топлински најчувствителната точка на телото – рачниот зглоб, објаснуваат научниците. Embr Wave, уредот што како часовник се носи на внатрешната или надворешната страна околу рачниот зглоб, со клик лево (сина опција) разладува, а со клик на црвената – грее.

Апаратот има мала термоелектрична плочка, која ја менува температурата кога е изложена на електрична струја. Конструкторите се потпираат на идејата дека приспособувањето на температурата на чувствителната точка на телото може да го подобри чувството на удобност во целост, пишува страницата Kickstarter.

За да го загрее сопственикот на апаратот, струјата создава топлински бранови кои се слеваат во плочката, објаснува MIT News. За да разладува, уредот ја распрснува топлината со помош на алуминиумот од кој е направена плочката. Кога ви е претопло или престудено, можете едноставно да го активирате уредот за моментно олеснување и регулација на чувството на топлина или студенило.

Embr Wave има алуминиумска прекривка на дисплејот кој се приспособува од црвено до сино. На тој начин корисникот сам ја контролира температурата во зависност од сопственото чувство на пријатност и удобност. Посакуваната температура директно стигнува на кожата, што го забрзува одговорот од нервниот систем. Научниците во шега истакнуваат дека уредот малку е термостат, а повеќе е туш: никој не знае колкава е температурата на водата при туширањето, туку само ја приспособуваме до постигнување чувство на пријатност. Апаратот користи батерија на полнење, а со едно полнење може да се користи 25 пати. Цената на Embr Wave е 299 долари.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија