„Нултиот меридијан“ кој се протега низ Кралската опсерваторија во Гринич, Велика Британија уште од 1884 година, сега се наоѓа 102 метри источно од неговото претходно место.
Д-р Кен Сеиделман од Универзитетот во Вирџинија заедно со неговите колеги ја истражуваат причината од овој очигледен расчекор.
Воздушниот меридијан означен како „нулти меридијан“ (испрекинатата линија на фотографијата) и современиот референтен меридијан покажува нулта должина користејќи GPS (полната линија).
Во 1884 година, Меѓународната меридијанска конференција препорача дека нултиот меридијан на Земјата треба да биде употребен како заедничка нула за должина и стандард за пресметување на време низ целиот свет“, и да поминува преку „центарот од инструментот за транзит на опсерваторијата на Гринич“.
Овој инструмент наречен „Airy transit circle“ по неговиот дизајнер, британскиот астроном Сер Џорџ Бидел Ери е телескопски уред од 19-от век за мерење на позициите на ѕвездите, и може да се користи за одредување на локалното време.
Денес туристите кои ја посетуваат линијата на меридијанот морат да одат приближно 100 метри источно, пред нивните приемници за сателитска навигација да покажат нулта должина.
Зошто? Затоа што новите технологии - првенствено точноста на GPS, кој користи сателити за прецизно мерење на мрежните координати на било која точка на површината на Земјата ги заменуваат традиционалните телесопски набљудувања користени за мерење н ротацијата на Земјата.
„Со напредокот на технологијата, промената на нултиот меридијан беше неизбежна. Можеби треба да се постави нов маркер во паркот Гринвич за новиот меридијан“, вели Д-р Сидлман.
Според тимот, поместувањето се припишува на разликата меѓу двата конвенционални методи за одредување на координатите: астрономски наспроти геодетски кои се однесуваат на збирот на референтни точки што се користат за лоцирање на места на Земјата.
Бидејќи нашата планета не е совршено кружна, и затоа што различни локации на Земјата имаат различни карактеристики кои влијаат на влечењето на гравитацијата, традиционалниот начин за мерење на должина има вградени варијации или грешки, врз основа на одредени локации кадешто биле направени мерењата.
„Меридијанот зависи од насоката на вертикалата, која е зависна од гравитацијата и од методот на набљудување“, вели Д-р Сидлман.
За поддршка на доказите, научниците ги анализирале разликите во координатите на многу поранешни опсерватории за да потврдат дека очигледната промена на должината во Гринич е локализиран ефект и се должи на гравитацијата во Гринич, и не е глобална промена во системот на должина во светот.