X
 01.12.2016 Живот

Лорд Бајрон: „Не се плаши од незнаењето туку од лажното знаење- од него доаѓа целата несреќа во светот“

Џорџ Гордон Бајрон е еден од најголемите англиски поети. Целото детство и младост ги поминал заљубувајќи се во многу девојки, а на некои од нив дури им понудил и брак.

И покрај големата слава која ја стекнал подоцна во животот, Бајрон пораснал во сиромаштија и бил роден со деформација на стапалата - нешто со кое морал да се соочува целиот живот.

Во 1809 година Бајрон дипломирал и после факултетот заминал во Португалија и на Блискиот исток. Искуствата и доживувањата од патувањето го инспирирале да го напише делото „Патувањето на Чајлд Харолд“ во 1812 година, за кое станал признат поет во Англија. Тој станал толку омилен и популарен што започнале да се имитираат неговиот стил на пишување, облекување и вкус.

Отсекогаш бил поддржувач на либералните ставови и национална независност па токму поради тоа се придружил на грчката војна за независност. Бил вегетаријанец и ги обожавал животните.

Ова се некои од неговите најпознати мисли:

Љубовта ќе го пронајде патот и на патеки на кои и волците се плашат да ловат.

Пријателството може, и често се случува, да прерасне во љубов, но љубовта никогаш не прераснала во пријателство.

Не постои инстинкт како што е инстинктот на срцето.

Единствено излегувам тогаш кога ќе посакам да ја освежам желбата да бидам сам.

Не се плаши од незнаењето, плаши се од лажното знаење, бидејќи од него доаѓа целата несреќа во светот.

Во мене постои нешто паганско од кое не можам да се ослободам. Во суштина во се' се сомневам, но ништо не одрекувам.

Срцето може да се скрши, но може и да продолжи да живее скршено.

Јас сум пепел онаму каде што некогаш сум бил оган.

Користете ја секоја можност за насмевка. Тоа е најевтиниот лек.

Луѓето често имаат почит кон оние кои за брзо време се издигнуваат, иако ништо не се издигнува побрзо од прашината, сламата и перјата.

Недовербата е тешка опрема, која е во состојба повеќе да отежне отколку да заштити.

Кога би можел постојано да читам никогаш не би посакал да сум во друштво.

Зошто го сакала? Радознала будало, молчи! Зар човечката љубов е зависна од човечката волја?

Искрено се надевам дека ќе се сакаме цел живот баш како никогаш да не сме се венчале.

Не ги сакам луѓето помалку, туку природата ја сакам повеќе.

Онаму каде постои некоја мистерија, повеќето сметаат дека постои и зло.

Вистината е секогаш чудна. Почудна и од фикцијата.

Сите ние сме резултат на љубовта и занесот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот