X
 24.11.2022 Живот

Над 238 илјади Европејци починале во 2020 поради загадувањето на воздухот

Најмалку 238 илјади луѓе во ЕУ починале предвреме во 2020 година поради загадениот воздух, и покрај тоа што квалитетот на воздухот генерално се подобрува, покажуваат најновите податоци на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Аналитичарите на агенцијата посочуваат дека загадувањето на воздухот е најголемиот здравствен ризик во Европа и дека значително влијае врз здравјето на Европејците, особено во градовите, независно што најголемите загадувачи ги намалија своите емисии.

Според ЕЕА, најмалку 238 илјади луѓе починале предвреме во 2020 година поради изложеност на ПM 2,5 честичките, при што 96 отсто од населението во градовите е изложено на нивоа над препораките на СЗО.
Истовремено, азотниот диоксид е причина за 49 илјади предвремени смртни случаи, додека изложеноста на озон однела 24 илјади животи, вели ЕЕА.

Сепак, бројот на предвремени смртни случаи поради изложеност на ПM 2,5 во периодот од 2005 до 2020 година опаднал за 45 проценти.
- Ако трендот продолжи, се очекува ЕУ да ја исполни својата цел за намалување на предвремените смртни случаи за 55 проценти до 2030 година - пишува во извештајот.

Според ЕЕА, потребни се дополнителни напори за да се исполни целта за нула загадување до 2050 година или намалување на загадувањето на воздухот до нивоа што не се штетни за здравјето,

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот