X
 07.10.2017 Живот

Како би изгледал нуклеарен напад врз Сеул и Токио?

1
Фото: Google Maps

Една боева глава пуштена од Северна Кореја би можела да уништи густо населени градови, при што би загинале милион луѓе.

Оние кои би го преживеале нуклеарниот напад би имале катастрофални повреди, додека нивните градови би биле срамнети, а виталната инфраструктура уништена.

Деталната анализа од „38 Север“, на американско-корејскиот институт при школата за меѓународни студии во Џон Хопкинс училиштето откри што би можело да се случи ако Ким Јонг-ун одлучи да изврши нуклеарен напад.

Во „Хипотетички нуклеарен напад врз Сеул и Токио: Човековата цена на војната на Корејскиот Полуостров“, Мајкл Загурек прикажува застрашувачка слика за штетата што би можела да биде предизвикана.

Претпоставувајќи дека Северна Кореја има 25 оперативни нуклеарни оружја со принос од боеви глави во опсег од 15 до 250 килотони, Загурек нуди седум различни сценарија.

2
Фото: АР

Опсезите на принос од боеви глави се базираат на тековните и можните идни способност и проценките на жртвите врз основа на големината на градот и густината на населението.

При најекстремна проценка на употреба на оружје од 250 килотони, Сеул и Инчеон, кои имаат 24,105,000 жители би имале 783,197 смртни случаи и 2,778,009 повреди.

Токио и Јокохама со комбинирано население од 37,900,000 лица ќе имаат 697,665 смртни случаи и 2,474,627 повредени. Мапите кои прикажуваат четири експлозивни области од детонацијата покажуваат колку далеку ќе достигнат ударите и експлозијата.

Северна Кореја има лансирано 98 балистички проектили од 2011 година, вклучувајќи 19 оваа година. Сепак, не е јасно точно колку боеви глави има и колку се напредни тие. Кампањерот за нуклеарно разоружување, Џон Халам, изјави дека анализата е прилично авторитативна, шпекулирајќи дека Кореја има помеѓу 40 и 60 боеви глави.

Тој изјави дека ќе помине доста време додека С.Кореја ги достигне нејзините нуклеарни цели. Според него, разумно е да се претпостави дека Сеул и Токио се очигледни цели, но анализата не вклучува способност да се нападнат американски градови од западниот брег.

„Ако постои оваа способност, тогаш постои можност да го нападнат Сиднеј, што не значи дека ќе го нападнат - највисокиот приоритет им е Пајн Гап, критичен за американската команда и контрола“, изјави тој.

3
Фото: АР

„Неопходно е да се земат во предвид ефектите од летањето што ќе се случува во една насока над Јужна Кореја, а во друга насока, во Манџурија. Можеби Сеул ќе биде срамнет со земјата, можеби тоа ќе се направи без користење на нуклеарни оружја, но треба да се земе секаков предвид“, додава тој.

Во меѓувреме, Трамп изјави дека целта на неговата администрација е да ја денуклеаризира. Северна Кореја.

„Не можеме да дозволиме оваа диктатура да ја загрози нашата нација или нашите сојузници со незамисливо губење на животи. Ќе направиме она што мора да се направи за да се спречи ова“, изјави Трамп.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот