X
 13.10.2017 Наука

Конечно решена мистерија во физиката стара со децении?

fizika

Физиката на честичките на некој начин е како лупење кромид; можете да го излупите секој слој, одејќи кон помал и помал, додека не стигнете до проучувањето на најмалите честички. Интересно, овие мали честички на физичарите им нудат најголем увид во тајните на нашиот огромен универзум. Секој атом има јадро во својот центар, а во јадрото има нуклеони: протони и неутрони. Дури и помалите честички, кваркови и глуони, содржат нуклеони.

За да се разбере како функционираат хемиските и физичките процеси, важно е да се знае како се вртат овие елементарни честички. Основните својства на секој даден материјал се контролираат со вртење, па како материјалот се однесува на различни температури, неговата спроводливост и други својства се поврзани со тоа како се вртат овие мали честички.

Од 1987 година заедницата на физиката се соочува со „криза на протонското вртење“. Иако постарите теоретски модели го припишуваат целото нуклеонско вртење на кварките што го сочинуваат нуклеонот, истражувања од ЦЕРН откриваат дека само 30 отсто од вртењето на протонот може да им се припишат на кварковите.

Научниците се обиделе да го идентификуваат изворот на остатокот од вртењето и долго време им го припишувале на релативистичките квантни ефекти, без да можат да го опишат процесот во повеќе детали сè досега.

Истражувачите конечно го дешифрирале вртењето  на нуклеонот - вклучувајќи ги и различните честички што го сочинуваат нуклеонот. Тимот користел суперкомпјутер за да ги пресмета претходно мистериозните квантни ефекти и да ги разгледа релативните придонеси во нуклеонското вртење составено од глуони и кваркови.

Истражувачите прво ја процениле вистинската физичка маса на кварките за прецизно да го пресметаат нивниот вртеж. Ова е полесно теоретски отколку практично изведено, бидејќи индивидуалните кваркови и глуони не можат да бидат изолирани зашто се држат заедно со силнo влијание - една од четирите фундаментални сили на физиката.

„Ваквите симулации беа можни благодарение на суперкомпјутерот. Претходно ги оптимизиравме нашите алгоритми за најдобро да ги искористиме графичките процесори на машината“, изјави Констанција Александроу, професор по физика на Универзитетот во Кипар и лидер на проектот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука