X
 01.05.2022 Живот

Зошто ни се јаде бурек кога сме мамурни?

Желбата за мрсна храна по пиење многу алкохол е вкоренета во далечното минато, тврдат научниците.

Сите цицачи имаат тенденција да јадат повеќе калорична храна, објаснува Дејвид Левицки, професор по човечка екологија и исхрана на Универзитетот „Корнел“. Мастите се најзастапената храна достапна во овој поглед.

Трезни веројатно нема да имате такви нагони, но по ноќта во која сте уживале во „чашка повеќе“, ги губите научените сопирачки. Со други зборови, луѓето се програмирани да уживаат во мрсна и слатка храна, а за тоа придонесува и лачењето на допаминот при консумирање на таква храна.

Комбинацијата на овие фактори нè тера да се вратиме на висококалорична храна, дури и кога знаеме дека не ни е потребна. Друго објаснување за нашата желба за маснотии е дека мамурлакот ја вклучува хемикалијата галанин, која влијае врз мозокот.

Научниците веруваат дека нејзиното лачење стимулира зголемување на триглицеридите кои се наоѓаат во алкохолот. Телото ги ослободува триглицеридите или калориите „претворени“ во масни клетки кога сме гладни.

Со консумирање повеќе мрсна храна и алкохол се зголемува нивото на триглицериди, што го поттикнува производството на галанин. Резултатот е тоа што алкохолот ја поттикнува желбата за мрсна храна, а кога ќе ги внесеме мастите, тие само ја „загреваат“ таа потреба.

Извор: Ddl.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот