Научниците за „BBC“ откриваат интересни податоци за ротацијата на Земјата. Лаички кажано, доколку би се вртела во спротивна насока, светот би изгледал сосема различно.
Ако стоите на екваторот, Земјата под вас се движи со брзина од 1.670 километри на час, што влијае врз движењето на брановите и струењето на воздухот. Кога сè би се движело обратно, Сахара би била едно од најдождливите подрачја на Земјата, калифорниските пустини би биле влажни, а мочуриштата во Флорида целосно би пресушиле.
Од друга страна кога Земјата на пример би ја забавила ротацијата, сончевата страна би била потопла, а темната страна постудена. Земјата навистина забавува, но овој процес се случува многу банво.
Денот денес е за 1.7 милисекунди подолг отколку што бил пред илјада години, а со тоа темпо
Земјата целосно би престанала да се врти за 1.9 трилиони години; за споредба, универзумот е стар околу 14 милијарди години.