X
 17.10.2017 Култура

Места на кои комерцијалните авиокомпании одбиваат да летаат

Поради конфликт, меѓународни санкции или строги предупредувања туристите да не патуваат на овие дестинации, голем дел од комерцијалните авиокомпании не летаат на овие места.

avion
Фото: Flightradar24

Една од најновите дестинации што авиокомпаниите ја додадоа на листата со забранети земји е Венецуела. Голем број од авиокомпаниите ги суспендирале своите услуги, заканувајќи се дека ќе ја отсечат јужноамериканската нација од остатокот од светот.

Минатата недела „Аргентина ерлајнс“ соопшти дека повеќе нема да лета во и надвор од Венецуела поради безбедносни причини, приклучувајќи се на долгата листа со авиокомпании што веќе го направиле истото, вклучувајќи ги и американските авиокомпании „Јунајтед и Делта“, „Луфтханза“ од Германија, „Ер Канада“; „Аеромексико“, „Алиталија“ и колумбиската авиокомпанија „Авианка“.

Ова се некои од другите места каде што комерцијалните авиокомпании одбиваат да летаат, им е забрането да летаат или едноставно не одат во овие земји затоа што туристите не изразуваат желба да ги посетат.

Северна Кореја

1
Фото: AFP


Сите знаеме дека Северна Кореја е таинствена земја.  Повеќето авиокомпании не летаат во оваа земја како резултат на санкции, стравување за безбедноста и предупредувања за патувања, што ја прави прилично непожелно место за луѓето да го посетат.

Речиси сите патувања во Северна Кореја се одвиваат преку Кина и летовите често се одложуваат или се откажуваат.

Северна Кореја има една национална компанија, „Ер Корјо“, која се смета за генерално ужасна. Единствена друга авиокомпанија што лета во и надвор од Северна Кореја е „Ер Кина“, меѓутоа, и оваа авиокомпанија во април изјави дека поради заканата од конфликт помеѓу Северна Кореја и Америка, ќе ги суспендира летовите, меѓутоа, набрзо потоа ги продолжи своите летови.

Катар

2
Фото:  АFP


Катар има доста зафатен транспортен центар во главниот град Доха, но е опкружен со многу лути соседи. Оваа земја беше на работ да биде изолирана од остатокот од светот во јуни кога Саудиска Арабија и шест други арапски држави ги прекинаа воздушните, морските и копнените врски со оваа земја.

По ова, голем дел од авионските компании објавија дека повеќе нема да летаат во Катар.

Сирија

3
Фото: Oscar Espinosa


Тековната граѓанска војна го направи летањето над сирискиот воздушен простор крајно опасно. Опциите за патување со авион во Сирија, која се смета за најопасна земја во светот, се доста ограничени.

Директните летови помеѓу Сирија и ЕУ се забранети уште од 2012 година. Другите авиокомпании ги повлекоа услугите поради ниската побарувачка. Арапските авиокомпании како „Емиратите“ и „Египет Ер“ ги прекинаа услугите поради борбите во близина на аеродромот во Дамаск.

И покрај сето ова, сириската влада неодамна презеде надежни обиди да ја претстави земјата како туристичка дестинација.

Либија

4
Фото:  АFP

Во декември 2016 година „Африкаја ервејс А320“ бил киднапиран за време на домашен лет во Либија, со 118 патници во авионот, и бил пренасочен во Малта.

Само мал број авиокомпании летаат во Либија поради тековниот конфликт и влошената безбедносна ситуација во оваа земја.

Во 2015 година Либија стана целосно отсечена од светот воздушно кога „Туркиш ерлајнс“ стана последната авиокомпанија што ги суспендира своите летови кон земјата. Денес, локалните авиокомпании и „Африкаја ервејс“ и тунискиот авиопревозник „Тунис ер“ се единствената опција за патниците на авион.

Синаи Пенинсула, Египет

5
Фото: Getty Images


Овој дел од Египет, дом на популарниот град Шарм ел Шеик, е забранет за летови од повеќе земји, вклучувајќи ги и Велика Британија и Америка.

Во овој регион се случиле голем број несреќи во текот на последните неколку години. Во мај 2016 година, авионот на летот „MS804“ од Париз до Каиро се урнал во регионот, а причината останува непозната. Во март 2016 година, авионот на летот „MS181“ помеѓу Александрија и Каиро бил киднапиран од човек што носел лажна бомба-елек. Во октомври 2015 година, терористи го урнале авионот на летот „9286“ набрзо по напуштањето на аеродромот во Шарм ел Шеик.

Ирак

6
Фото: АFP

Сите странски летови во и од курдискиот регионален главен град Арбил од 29 септември беа суспендирани по наредба на Багдад, по контроверзниот референдум за независност.

Голем дел од државите низ светот ги предупредуваат патниците да не патуваат во Ирак поради исклучително нестабилната и опасна ситуација, но дури и ако сакате, тешко би било да стигнете таму по воздушен пат.

Летовите во и надвор од меѓународниот аеродром во Багдад често пати се откажани, а голем број авиокомпании ги суспендирале своите летови.

Во септември, ирачката администрација за цивилно воздухопловство соопшти дека ќе ги прекине меѓународните летови до и од аеродромите „Ербил“ и „Сулајманија“ во курдиските региони на Ирак. Одлуката се совпадна со референдумот на крудистанската регионална влада за независност од Ирак.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура