Едукација на основците и промоција на културното наследство. Реконструираното неолитско село Тумба во скопската населба Маџари, месецов е полно. Во рамките на есенските ексурзии, редовно го посетуваат учениците од повисоките основни одделенија. На почетокот на месецов беа шесто и седмоодделенците од „Лирија“ од Тетово. Ги пречекаа враотени во Археолошкиот музеј на Македонија, а презетацијата била одржана на албански јазик. Во минатата недела неолитското село го посетија осмоодделеци од скопското „Јан Амос Коменски“ и ученици од 6 одделение од „Вера Циривири-Трена“.
Населбата во Тумба-Маџари потекнува од неолитот (младо камено време). Луѓето кои живееле тука својата економска благосостојба и култерен просперитет ги достигнале во средниот неолит, 5800-5200 година пр. н.е. Од овој локалитет потекнува и симболот на Скопје, скулптурата на Големата Мајка.
Во комплексот има четири неолитски куќарки, преку кои е претставено како се живеело на овие простори пред 8.000 години. Локалитетот е уреден веќе девет години, а учениците се најредовните посетители.