X
 23.10.2017 Живот

Колку енергија вложувате во сегашниот момент?


Жена на плажа
(Фото: Pixabay)


Како ви се допаѓа идејата да живеете во овој момент?

Како можеме да го реализираме тоа – да живееме во моментов, во сегашноста, тука и сега? Буда многу зборувал за тоа, а во ова време на расеаност, депресии и грижи, се чини дека постои интерес и потреба од неговите совети.

Колку енергија вложувате во сегашноста?

Наместо да бидеме присутни и да ги откриеме убавината и исполнетоста на сегашниот момент, изгледа дека ние поголемото време го поминуваме поделени меѓу минатото (живеејќи во сенка на настаните од минатото) и грижата за иднината.

Дури и кога наводно уживаме во некое преубаво место, носталгично мислиме на последниот пат кога сме биле некаде со некоја драга личност која сега не е до нас или копнееме некому да му го покажеме тоа место следниот пат?

Постојано сами си го одвлекуваме вниманието од она што ни се случува пред носот! Не ни треба маркетиншката индустрија која со примамливи понуди постојано ни го одвлекува вниманието од уживањето во животот кој тече – ние сами си го правиме тоа!

Што би се случило кога би се ослободиле од извесен процент од енергијата и целосно би ја пренасочиле кон сегашниот момент?

Живеењето во минатото или во иднината всушност значи дека не живееме во целост затоа што минатото и иднината во крајна линија не постојат како места во кои можеме да живееме.

Кога ќе научиме да се ослободиме од минатото и да престанеме да одложуваме за иднината, ќе се поврземе со длабочината и смислата на сегашниот момент, единствениот момент кој навистина постои.

Пред да успееме да го живееме животот сосредоточени на сегашноста, мораме да го ослободиме минатото. Тоа не значи дека треба да заборавиме што ни се случувало, туку да се ослободиме од емоционалниот багаж кој сме го натрупале со своите многубројни искуства. Нашиот ум е некако препрограмиран да мисли и да дејствува на определен начин, а ние како да му дозволуваме на минатото само да се реконструира во сегашниот момент.

Влечењето работи од минатото во сегашниот момент е лоша навика која остава горчлив впечаток во нашиот ум и лошо влијае врз нашите нови односи со другите луѓе – едноставно фрла сенка врз нашиот нов живот.

Можеме да се запрашаме колку нашите одлуки се навистина нови, а колку всушност се само реконструкција на минатото?

Се согласувате ли дека нештата се менуваат? Повеќе или помалку, сите се согласуваме дека сè се менува!

Но што се случува со нас? Се менуваме ли и ние секојдневно или остануваме исти?

Во „Разбирањето на умот“ се вели:

- Всушност, не поминува ни еден момент без сами да не се промениме, а не пак целиот живот. Без престанувањето на „јас“ од претходниот момент,  во следниот не може да се јави новото „јас“. Постојното „јас“ е причина за новото „јас“ од следниот момент, а причината и неговата последица не можат да егзистираат во еден ист момент истовремено.

Тоа е вистинската смисла на промената. Затоа, во однос на оваа безвремена вистина, користете подолги временски периоди за постепено да ги скратувате.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот