X
 14.08.2021 Наука

Инженери развиле високо ефикасен материјал што ја претвора неискористената топлина во енергија

Тим истражувачи од Северозападниот Универзитет во Илиноис и Националниот Универзитет во Сеул развија екстремно ефикасен термоелектричен материјал во практична форма, а според соопштението на тимот, може и да е најефикасен досега.

По елиминирање на проблемот со оксидацијата, кој ги намалувал перформансите во претходните тестови, истражувачите успеале да обезбедат висок степен на конверзија, стои во студијата објавена во списанието „Нејчр Матиријалс“. Овој нов материјал, прочистен лимен селенид во поликристална форма, ги поседува сите добри нешта кои се потребни за да стане остварлив материјал за претворање на вишокот топлина во електрична енергија.

Термоелектрицитетот е фасцинантен двонасочен механизам кој претвора температурни варијации во електричен напон и обратно. Додека термоелектричните направи се користат некаде, овие примени се многу ретки. Овие направи не се распространети како соларните ќелии поради значителните потешкотии во нивното производство.

-Се фокусираме на развивање на материјал кој би бил евтин и со високи перформанси и би ги втурнал термоелектричните направи во поширока примена - истакна Меркури Канаџидис, автор на студијата.

Термоелектричните системи генерираат електрична енергија преку користење на температурен градиент. Кога едната страна од специјалниот материјал е загреана, тоа може да предизвика електроните да почнат да се движат од потоплата на постудената страна, што резултира со генерирање на електрична енергија. Со користење на оваа технологија, научниците еден ден би можеле да помогнат во рециклирањето на енергијата која инаку би била вишок.

Термоелектричниот материјал би можел да се користи во автомобилската индустрија, каде значителен процент од потенцијалната енергија на бензинот излегува од ауспухот.

Извор и насловна фотографија: Interesting Engineering

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука