X
 01.06.2017

Редок вид на лебарки може да ја преземе работата на пчелите?

Можеби се сметаат за „злото“ на урбаното живеење, меѓутоа повеќето лебарки во светот не живеат во близина на градот.

Неверојатни 99% од 4.500-те познати видови на лебарки живеат на диви места и играат витална улога во екосистемите, почнувајќи од дождовните шуми во Бразил до пустините на Саудиска Арабија.

Сега, ново истражување открива дека лебарките од видот „Moluchia brevipennis“, кои можат да се најдат во Чиле, се хранат од полен од цвет, а дури и можат да опрашат растенија.

„Луѓето мислат дека овие инсекти најчесто можат да се најдат на улиците или во ѓубрето, меѓутоа постојат и диви лебарки кои обично можат да се најдат на цвеќињата“, вели Кристија Вилагра, ко-автор на истражувањето и ентомолог на Универзитетот Метрополитана де Сиенсиас де ла Едукасион во Сантијаго, Чиле.

Лебарките кои опрашуваат се доста ретки: познати се само два видови, еден во француска Гвајана, а друг во малезиски Борнео.

Само 178 научни трудови се фокусирале на овој вид на лебарки помеѓу 2000 и 2016 година, во споредба со десетици илјади трудови за попознати инсекти како што се мравките и пчелите, велат авторите на истражувањето.

За нивното истражување, Вилагра заедно со колегите ја спроведе првата анкета за лебарките на неколку места на полупустинскиот регион на Чиле, Маторал.

„Децата не се плашат од лебарки, но како што растат и стануваат возрасни, тие паничат кога ќе видат лебарка. Ние сакаме да им дадеме можност на луѓето да научат за овие инсекти“, вели Вилагра.

Тимот открил дека овие лебарки се појавуваат во самракот за да јадат полен од многу растителни видови вклучувајќи ја јагликата. Тие ги положуваат јајцата само на еден род растенија наречени „Puya“.

Ентомолозите се сомневаат дека лебарките еволуирале за да зависат од домородните растенијата за засолниште и храна бидејќи тоа е побезбеден залог од не-домородните растенија: ендемичната флора најдобро може да се постави на сува, сурова клима.

Инсектите го јадат поленот затоа што е преполн со енергија.

Додека јадат полен, прашкастата супстанција се лепи за нивните тела и лица. Кога ќе стигнат до следното цвеќе, дел од поленот паѓа на женските репродуктивни делови од базата на цветот.

Набљудувајќи ја оваа интеракција меѓу инсектите и растенијата бара макотрпен експеримент, меѓутоа постојат планови да се проучи дали лебарките ги опрашуваат растенијата. За научниците ова е голема веројатност со оглед на тоа што лебарките се тесно поврзан со вегетацијата.

Без разлика дали се опрашувачи, лебарките се од суштинско значење за природната средина. Многу видови лебарки јадат голема количина на органска материја во распаѓање, со што тие се природни рециклатори.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk