X
 07.06.2016 Наука

Научниците пронајдоа "часовник во мозокот" кој ги одржува нашите спомени

часовник

 

За да може да ги организира спомените, на невроните на нашиот мозок им е потребна редовна активност - слично како оркестар кој се потпира на диригентот за да остане во синхронизација. Сега, научниците од Јапонија мислат дека успешно го идентификуваа „часовникот во мозокот“ кој го одржува темпото на овие неврони.


Тимот го проучувал хипокампусот - делот од мозокот кој ни помага да сфатиме каде сме биле, каде сме сега и каде одиме, со формирање на ментална мапа. Доколку изубите делови од патеката од овие три парчиња информации, тогаш за брзо време ќе станете збркани. Истражувачите кои работат на „RIKEN Brain Science“ Институтот, откриле дека блокирањето на влезот од областа на хипокамупост наречена „CA3“ во близина на областа „СА1“, централната област на хипокамупост, во мозокот на глувците предизвикало нивните ментални мапи да се помешаат и да станат склони кон грешки.

За да функционираат правилно, „CA1“ обично се потпира на ритмичките бранови на нервниот влез од деловите на мозокот кои го опкружуваат, и без него, глувците стануваат збунети. Глувците вклучени во истражувањето се'уште можеле да извршуваат едноставни задачи поврзани со навигацијата, меѓутоа изгубиле други информации за нивната локација во просторот. „Невронската музика не се промени, но со замолчување на „СА3“ влезот во „СА1“ во хипокампусот ние се ослободивме од диригентот“, вели истражувачот Томас МекХју.

За целите на истражувањето, МекХју и неговиот тим ги натерале глувците да скокаат нагоре и надолу по патеката, документирајќи ја активноста на повеќе поединечни неврони, како и активноста на поголемите групи на неврони познати како локални потенцијали.

Додека индивидуалната невронска активност продолжила во исто темпо откако била блокирана „CA3“, биле нарушени групните активности.

„Без влез од „СА3“, немаше глобална организација на нервните сигнали преку тета циклусот за да се дефинира од каде доаѓа глушецот или каде оди“, изјави МекХју.

Како што истражувачите објаснуваат во нивниот труд, механизмите кои се основата на природните осцилации на хипокампусот не се многу добро познати, но било каков напредок може да доведе до поефикасен третман на болести како шизофренијата или Алцхајмеровата болест.

Иако тестовите досега биле извршени само врз глувци, мозокот на човекот споделува 90% ист генетски материјал како и нив, такашто постои силна шанса „CA3“ да ја има истата улога и кај нас. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука