X
 25.10.2017 Живот

Како да се одржува сопствената страст и покрај секојдневната работа

Сте чуле ли за англискиот автор Ентони Тролоп? Напишал 47 новели и 16 други книги во својот животен век, а поголемиот дел од времето бил вработен во пошта. Како успевал да го направи сето тоа? Одговорот се крие во дневниот режим, кој може да го применува секој од нас.

фото извор: telegraph.co.uk

Делата на Тролоп се одлични детални прикази на реалниот живот. Тој бил обичен човек кој не одел на екстравагантни забави, ниту на одмори во странски земји. Почнал да работи во пошта кога имал 19 години, во 1834 година. Во 1843 ја напишал својата прва книга, а додека се пензионирал во 1867 година, веќе голем дел од неговите книги биле објавени. Тој вели дека сето тоа го постигнува со одлучност, дисциплина и поставување аларм за рано будење.

Тролоп секое утро се будел во 5 часот и 30 минути. Пишувал уште пред да појадува. Тие три часа сметал дека се клучни за завршување на голем дел од работата. Поставувал мини цели: го гледал часовникот и создал правило да пишува 250 збора на секои 15 минути. Со таа одговорност, идеите едноставно се случувале. За себе немал милост.

Сето тоа вродило со резултати. Таа поделба на времето му дозволила да креира над 10 напишани страници просечно во текот на денот, а ако се држел до тие правила во текот на 10 месеци, тоа резултирало со речиси три новели секоја година. Всушност, тој секогаш имал една или две необјавени новели што веќе биле напишани.

Рецептот е едноставен – три часа дневно интензивно работење – нешто што го правел и Чарлс Дарвин.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот