Перфекционист е спротивно на двосмислениот комплимент. Дури и ако се смета за критикување, лесно е да се земе како осигурување дека сето она што го правите го правите совршено. Единствениот проблем е што перфекционистите не прават ништо совршено, бидејќи никој не го може тоа. Затоа многу луѓе со перфекционистички карактеристики не се идентификуваат како такви. Ова се неколку знаци што перфекционистите ги поседуваат како карактеристики:
1. Размислување и дејствување во екстреми
Нема половични мерки за вас. Кога сте на диета, пиете само вода и грицкате јаткасти плодови, но кога не сте, тогаш ништо не може да ве сопре во прекумерното јадење. Тука се работи за навистина нездраво однесување.
2. Одложување
Овде всушност станува збор за страв од неуспех. Многу перфекционисти имаат навика за одложување на задачите бидејќи немаат доволно самодоверба, па некогаш дури и ги избегнуваат. Причината е поради тоа што се чувствуваат непријатно да направат нешто површно отколку воопшто да не го завршат.
3. Тешкотии при завршување проекти
Ова е нешто со кое сигурно многумина можат да се поврзат. Дали е некој проект, есеј за училиште, домашна обврска, или што било друго што едноставно никако да го завршите. Тоа е така бидејќи дури и да сте блиску до крајната цел, во главата размислувате за нешто што можете да го направите подобро. Тоа може многу да пречи во чувството на пријатност за себеси и за она што го работите.
4. Проблеми при делење на обврските
Не дека не им верувате на семејството, пријателите и на колегите дека ќе ја завршат работата добро, туку најсигурни сте кога ќе ја завршите самите. Но, сета таа одговорност ви се наталожува вам, а со тоа и стресот е поголем.
5. Поставување ѕидови
Многу перфекционисти имаат тешкотии при создавањето пријателства бидејќи тоа значи и да бидете ранливи, а перфекционистот мрази да ризикува да биде одбиен. Но, иронијата е во тоа дека имањето пријатели кои ве поддржуваат е алатка што ќе ви помогне да се справите со тешкотиите, па и да ги надминете.
6. Фиксирање на минатите грешки
Перфекционистите можат да западнат во агонија поради некоја грешка од минатото и таа состојба може да ги следи со денови, недели, па дури и години. Кај нив секогаш проблемот е во тоа едно нешто што тргнало лошо, а се занемарува сето она што било позитивно.
Перфекционизмот не е ментална болест и ако се идентификувате со некои или, пак, со сите овие симптоми, не значи дека го имате. Но, перфекционизмот е поврзан со менталните заболувања како депресија и анксиозност, како и со чувствата на вина и срам. Експертите советуваат едноставно да ги оставите работите да течат, иако тоа звучи како беспомошен и фрустрирачки совет.
Коренот на перфекционизмот е во стравот од неуспех. Сепак,
експертите сметаат дека треба да бидеме ранливи, да си дозволиме себеси некогаш и да се плашиме, но сепак да ги правиме работите што нè плашат. Секако дека ќе има грешки, но подобро неколку погрешни чекори отколку никакви чекори.