X
 21.12.2022 Економија

Вработените во Холандија ќе добиваат поголем надомест за патување до работа од 2023

Од 1 јануари 2023, вработените лица во Холандија може да бараат надомест за патување до работа од 21 цент за километар. Освен тоа, работодавците може да доделат заеми без кредити за купување нов велосипед или електричен велосипед, кои потоа може да бидат вратени преку надоместот.

Како што пишува на холандската владина веб-страница за претприемачи, надоместот ќе се зголеми на 22 центи за километар во 2024 година.



За што станува збор?

Станува збор за закон според која работодавците треба ги рефундираат трошоците за патување до работа на вработените. Надоместот не се даночи, а се однесува на секаков метод на патување, вклучувајќи и велосипед, јавен превоз и такси.

Надоместот не се однесува на работодавците кои им нудат службен автомобил или велосипед на вработените.

Извори: Business | Dutch Cycling Embassy
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија