X
 27.10.2017 Образование

Повик за партиципирање во бесплатна програма за пилоти за млади ентузијасти

Пилотите не гледаат особена радост во пешачењето. Вистинските пилоти сакаат да летаат - Нил Армстронг



Министерството за Одбрана го објави новиот конкурс за обука на пилоти, што по 18 месеци тренинзи, 180 часови летање и 350 часови теоретска настава ќе се здобијат со титулата - пилот.

Големата заинтересираност за овие обуки ја потврдува и бројката на пријавени кандидати за отворениот ден организиран од страна на Центарот за обука на пилоти кој и оваа година ги отвора своите врати за потенцијалните кадети на 4 ноември, сабота од 11 часот кога заинтересираните ќе можат подетално да се информираат и да се запознаат со содржината на обуката.

Кандидатите што успешно ќе ги завршат сите селективни тестови се здобиваат со статус на кадети и отпочнуваат со школувањето за пилоти.



Право на учество имаат сите граѓани на Македонија не постари од 28 години, физички и психички здрави, со завршено високо образование со вкупно 180 ЕКТС кредити. Центарот за обука на пилоти ќе ги одбере најдобрите кандидати во кои 18 месеци ќе вложува интензивно за нивно стручно оспособување и усовршување за пилоти по родот авијација.

Селекцијата на кандидати се состои од низа тестирања и проверки на здравствената и физичката подготвеност, компјутерски тестирања и вежби специјално прилагодени за професијата пилот, за на крај способноста на кандидатот да се потврди во 10 летови на авионот ZLIN-242L. Кандидатите треба да имаат и солидно познавање на англискиот јазик за да ги следат обуките за усовршување и оспособување за идни пилоти.



Центарот за обука на пилоти спроведува теоретска настава и летање, нуди искусни предавачи и инструктори, флота од 5 авиони и 4 хеликоптери која е функционална во текот на целата година со која се лета преку 11 делегирани зони, а навигациски летови се одвиваат на територијата на цела Македонија.  Покрај тоа, центарот е еден од најсофистицираните центри од овој тип во светски рамки. Поседува два full-motion симулатори на хеликоптерите Ми-8/17 и Ми-24, единствени од овој тип во поширокиот регион.



За сите заинтересирани кандидати за отворениот ден на 4 ноември, обезбеден е и бесплатен превоз во 10.00 часот на паркингот пред хотелот Холидеј Ин во Скопје.

Пријавување за отворен ден на следниот линк: http://www.ptc-mk.com/

Повеќе информации за обуките и содржината на наставата на следниот линк: http://morm.gov.mk/?objavuvanje=конкурс-за-воени-пилоти

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование