X
 10.07.2017 Живот

Науката објаснува како да оставите добар прв впечаток

Нова студија со наслов „Погрешен менаџмент на впечатоци: луѓето како непоколебливи себепрезентери“ доаѓа до сознание дека најчесто лошото однесување е случајно и ненамерно.

Еве неколку практични совети што да избегнете кога сакате да оставите добар прв впечаток:

Скромно фалење

Ако се обидете да го сокриете фалењето со скромност, не само што не ви оди во прилог туку и ве прикажува како неискрени и манипулатори. Секако, тоа не значи дека треба да ги пренагласувате вашите успеси, но нема потреба да ги криете убавите работи што може да ги кажете за себе.

Навредливи комплименти

Ако планирате да давате комплимент некому, најдобро е да не го правите тоа со одрекување од одговорност. На пример: „Многу сте зрели за ваша возраст“ звучи добро, но упатува на постоење хиерархија.

Лицемерие

Држење предавања за тоа колку е лошо да си пушач додека и самите сте уживале во цигара со пијалак нема да ви додаде поен плус, туку напротив, ќе бидете во голем минус кога ќе бидете разоткриени.

Претерана самодоверба

Можеби е изненадувачки, но истражувањето покажало дека луѓето што се прикажуваат големи не се обожавани, особено ако ги доведуваат другите на пониско ниво од себе и ги гледаат од висина.
Подготвил: М.Д.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот