Кога станува збор за астероди, ние нема зошто да се плашиме. Секако, тие одвреме-навреме може да се приближат, но поминуваат без да направат штета бидејќи Земјата е мала мета во големата вселена.
Сепак, тоа не значи дека не треба да бидеме подготвени, а НАСА, заедно со неколку други американски федерални агенции, изготвува план за непредвидени ситуации. Тие објавија документ во кој се истакнуваат плановите за астероидите или објектите во близина на Земјата за следната деценија.
- Нацијата веќе има значителни научни, технички и операциски способности кои се важни за превенција на влијанието на астероидите. Имплементацијата на Националната стратегија и акцискиот план за подготвеност за објекти во близина на Земјата ќе ја зголеми подготвеноста на нашата нација ефикасно да одговори ако биде детектирано ново потенцијално влијание од астероид - истакна Линдли Џонсон од НАСА.
Планот се заснова на неколку стратегиски цели од 2016 година, а е направен со надеж дека ќе се направи нешто во врска со огромниот проблем со подготвеноста за астероиди. Нивното детектирање и не е толку сјајно.
Само оваа година имаше две изненадни појави на астероиди во нашата близина. Двата беа помали од 140 метри, големина која се смета за потенцијално опасна, иако и многу помал да направи голема штета.
Но, ниту тие не се секогаш забележани. Досега се детектирани само околу 8.000 такви астероиди, што се проценува дека е една третина од сите.
- Според извештај од НАСА од 2017 година, моменталните набљудувачки способности се погодни само за наоѓање помалку од половина од сите 140-метарски објекти до 2033 година - стои во еден документ од Белата куќа.
Сега добрите вести. Групата знае дека тоа е проблем и работи на негово решавање преку подобрување на моменталните способности за детектирање, следење и карактеризирање на астероидите.
- Ако дојде реална закана, подготвени сме да ги здружиме информациите за тоа какви опции може да функционираат и да им ги дадеме тие информации на оние што ги носат одлуките - истакна Џонсон.
Тоа е првиот дел пристапот. Двата други се подобрување на моделирањето и предвидувањето на астероидите и воспоставување меѓународна соработка, што има смисла бидејќи астероидите не разликуваат граници.
Потоа следува прашањето што да се направи ако астероидот претставува закана. НАСА всушност има неколку многу добри стратегии за ова бидејќи астероидот Бену, кој е широк околу 492 метри, може да биде на пат да се судри со Земјата во 2135 година. Ако изгледа како да ќе се случи тоа, ракета со нуклеарни бомби може да биде испратена за да го пресретне астероидот. Ако тоа не му ја смени насоката на астероидот, во негова близина ќе биде детонирана бомба, со што би се изгубил дел од него и тоа би можело да му ја смени насоката на астероидот.
Фото: Pixabay
Другите потенцијални методи вклучуваат употреба на нуклеарни бомби за разбивање на астероидите на многу помали опасности или ставање вселенски брод во близина на астероидот. Овој гравитациски вселенски број, теоретски, би го повлекол астероидот, оттргнувајќи го од патот.
Крајниот дел од планот е за најлошото сценарио - процедури за вонредни состојби и катастрофи во случај ако голем астероид ја погоди
Земјата.