Во 1917 година десетдневната револуција во октомври даде десет одговори на десетте пораки – десет одговори што го променија светот...
Во 1909 година поетот Владимир
Мајаковски на своите сограѓани им фрлил ДЕСЕТ ПОРАКИ ЗА РЕВОЛУЦИЈАТА... и поради тоа поминал десет месеци во заточеништво. Оттогаш поминаа десетпати по десет години... Имате ли и вие некаква порака за револуцијата, драги граѓани? Или можеби ви е комотно во вака затворени перспективи? Како се чувствувате кога ги слушате десетте пораки за револуцијата? Или едноставно ја вртите главата?
РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНУВА – кога луѓето веќе не го прифаќаат незадоволството како нормална состојба, а вие, граѓани – молчите!
РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНУВА – кога гневот на гладните не може да се купи со парите на наситените, а вие, граѓани – сте гладни!
РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНУВА – кога работниците ќе одбијат да бидат робови и да го земаат она што им припаѓа, а вие граѓани – молчите!
РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНУВА – кога не постојат морални закони, а напишаните закони се применуваат само врз сиромашните, а вие сте сиромаштијата, граѓани!
РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНУВА – кога државата ги понижува старите, а ги апси или ги протерува младите, а вие граѓани – молчите!
РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНУВА – кога власта му служи на народот, а народот на власта, а вие граѓани – служите!
РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНУВА – кога уметниците ќе престанат да бидат кукавици и ќе проговорат на цел глас, додека вие граѓаните, ќутите!
РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНУВА – кога се забрануваат слободниот збор и слободната мисла, а вие сте забранети, граѓани!
РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНУВА – кога има работа и леб само за оние што го фалат и слават царот, а вие ќутите, граѓани!
РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНУВА – кога полицијата, војската и службите за безбедност не се чувари на слободата, туку окупатори на сопствениот народ, а вие сте окупирани, граѓани!!!