X
 04.11.2017 Наука

Зошто Германија им дава бесплатна електрична енергија на граѓаните?

германија
Фото: Flickr

Во саботата, на 28 октомври, Германија руши нов рекорд во производство на електрична енергија преку ветерни електрани. Овој ден било особено ветровито во Германија, па ветерните електрани биле доста ефикасни, генерирајќи вкупно 39.409 мегавати електрична енергија, колку што би создале 40 нуклеарни реактори. Било произведено толку многу во текот на викендот, што корисниците практично имале бесплатна електрична енергија.

За понудата и побарувачката да биде балансирана, односно да не се преоптовари енергетскиот систем, ветерните електрани морале да ги затворат своите погони или да им наплатат на корисниците за поголема потрошувачка на електрична енергија. Ова е првпат просечната цена на електричната енергија во текот на денот да биде негативна, наместо досегашниот рекорд од неколку часа во текот на денот.

„Винд Јуроп“, кој ги следи податоците на регенерирана електрична енергија преку ветер, истакна дека податокот е дека во текот на викендот над 24 отсто од електричната енергија биле генерирана од ветер. Досегашниот рекорд бил постигнат на 7 октомври оваа година, со вкупно 19 отсто од електричната енергија генерирана од ветер. Исто така, интересен е податокот дека Данска генерира 109 отсто од своите енергетски потреби преку ветерници, додека Германија генерира 61 отсто.

Во саботата бил срушен уште еден рекорд. Гледано по час, Европа генерирала 89,9 гигавати преку електрична енергија, додека Германија 39,1 гигавати, Полска 9,1 гигават, а Норвешка 0,9 гигавати. Рушењето на претходниот рекорд се припишува на зголемувањето на ширењето на ветерни електрани во Европа, но и на северните ветрови. Вкупно гледајќи, морските ветерни електрани генерираат 2,8 отсто, а копнените 21,8 отсто од вкупната потреба на Европа за електрична енергија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука