Вилнус, главниот град на Литванија, ги поканил сите жители да учествуваат во создавањето нов уникатен филм. Филмот ќе биде наречен „Си беше еднаш во Вилнус“ (Once upon a time in Vilnius) и ќе биде прв филм во историјата на Литванија со толку многу автори.
Идејата е секој жител да испрати фотографии и видеа и на тој начин да придонесе кон мозаикот и содржината на филмот. За да учествуваат, жителите треба да преземат мобилна апликација и да ги прикачат своите видеа и фотографии на апликацијата.
Според креаторите на апликацијата, филмот ќе го прикаже Вилнус на уникатен начин, но и ќе служи како водич за необични места и активности во градот.
По прикачувањето на материјалите на жителите, професионални режисери ќе одберат 700 фотографии и видеа кои ќе бидат вклучени во филмот.
Премиерата е закажана за крајот на идната година. Сите што ќе бидат одбрани за финалниот филм ќе добијат покана за премиерата.
Извор:
The mayor
Насловна фотографија: Pixabay