На интернет има безброј веб-страници за секакви теми. Но и покрај широкиот избор, многу корисници на интернетот користат само неколку популарни веб-страници.
Според нов извештај од компанијата „Зајро“, пет веб-страници доминираат во поглед на бројот на посетители. На првото место се наоѓа пребарувачот „Гугл“, на кој корисниците поминале вкупно 213,2 милијарди часа годишно, трошејќи просечно 11 минути и 58 секунди на сесија.
Фото: Pixabay
Потоа е „Јутјуб“ со 142,6 милијарди часа годишно и просечно 21 минута и 53 секунди по сесија. Следни на листата се „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“, пренесува „Ментал флос“.
Извор:
Mental Floss
Фото: Pixabay