X
 13.11.2017 Култура

Шаренило од „Бои и вкусови“ на изложба на ЕФИС

Децата од градинката и основците од Француското интернационално училиште ЕФИС од Скопје, ги здружија своите сили и фантазија и создадоа фотографии на тема „Бои и вкусови“. Давајќи фокус на кујната и нејзините бои, нивните дела во петокот беа изложени во Јавна соба.


Изложбата ја проследи многубројна публика, меѓу кои беа и советникот за култура и соработка при Амбасадата на Франција во Македонија и директорот на Францускиот институт во Скопје, Емануел Рембер. Најдобрите четири фотографии си добија и награди.
Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура