Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, министерот за образование и наука Арбер Адеми, амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, и директорот на Францускиот институт, Емануел Римбер, вчера го посетија Француското интернационално училиште ЕФИС од Скопје. Гостите се сретнаа со претседателот на Управниот одбор, Жан-Франсоа ЛеРок, и педагошката екипа, кои ја претставија оваа установа.
Минатата година беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Амбасадата на Франција и Министерството за образование и наука, со што се потврдува и признава образовната програма на оваа институција.