Амбасадори, еминенти личности, професори беа на прославата по повод 20 годишнината од постоењето на Француското Интернационално училиште во Скопје. Училиштето својата приказна ја започна со франкофонска градинка со квалитетен француски наставен кадар и програми.
„Нашето училиште е една интересна приказна за тоа како од франкофонска градинка се надогради и стана Француско Интернационално училиште во кое имаат учено над 8.000 деца. Училиштето ги следи програмите и организацијата на Министерството за образование на Франција и ги исполнува критериумите на француските училишта во странство што подразбира усогласеност со основните принципи на еднаквост, слобода и секуларизам“ изјави Жан-Франсоа Ле Рок, сопственик на EFIS.
Училиштето во Скопје е единствениот образовен центар каде целата настава се одвива на француски јазик. Основното училиште нуди едукација според програмата на Министерството за образование на Република Франција од каде е и акредитирано.
„Заедно со моите колеги секојдневно на сите деца им овозможуваме подеднаква квалитетна едукација и со тоа го поттикнуваме нивниот раст и развој. Она што не прави уникатни е тоа дека имаме индивидуален пристап и мал број на ученици во одделенијата а токму тие ни претставуваат гаранција за успешниот воспитно-образовен процес“ вели Лорен Изел, директор на EFIS.
На настанот присуствуваше и францускито амбасадор Кристијан Тимоние кој ја потенцираше нивната соработката со училиштето.
„Ова е навистина посебно училиште каде што од една страна се спојуваат сите вештини и знаења, но и иновации на наставниците, на родителите и на учениците. Особено треба да се поздрави посветениот ангажман на порофесорите , ова е убава авантура која што беше поддржана од француската влада“ потенцираше Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција во РСМ
Од aгенцијата за обезбедување лица и имот НИКОБ, донираа за просториите кои се наменети учениците од шестто до деветто одделение, како и поставување висококвалитетен безбедносен систем низ целиот објект и училишно комби.
„Моите двве деца се ученици во EFIS, така што ја препознав посветеноста на целиот колектив од училиштето и така дојдов до идејата да помогнам и да донирам на место каде поголем дел од денот децата престојуваат во училиштето и ги поминува убавите мигови со своите другарчиња. Според мене во сите училишта треба да имаат безбедносен систем на високо ниво со сео цел родителите да се чувствуваат сигурни“ додава Кирил Лазаров, сопственик на агенцијата за обезбедување НИКОБ.
Ова, секако е една голема и значајна инвестиција која ќе ги стимулира заложбите за секгашните ученици и идните генерации кои ќе одбираат да се едуцираат во ова училиште.
„Се работи за училиште кое веќе 20 години работи со ученици од шест годишна возраст па нагоре, во делот на основното образование и кое акредитирано од француските министерства за национално образование и за Европа и надворешни работи и истото работи според француските закони и практики. Воедно согласно потпишан меморандум на МОН и Француската амбасада, дипломите се признати и кај нас, учениците може да го продолжат образованието во нашите средни училишта“ вели Арбер Адеми, Mинистер за образование и наука на РСМ.