Интернационалното француско училиште ЕФИС од Скопје деновиве ги отвора своите врати за сите родители што се заинтересирани нивните деца да учат во ова училиште од наредната година. Отворената недела ќе трае до 26 април.
- Не станува збор за маркетиншка операција, туку да им се даде можност на сите оние, а знаеме дека се многу, што се грижат за школувањето на своите деца да присуствуваат за време на наставата – велат од ЕФИС.
Од училиштето предлагаат родителите да се запознаат со неколку педагошки активности во различни групи и одделенија и кај различни возрасти на ЕФИС - од градинка до предметна настава. Вратите ќе бидат отворени од 9 до 12 часот. На следниот
линк може да го пополните формуларот за посета на училиштето.
На располагање ќе ви биде и кратка презентација за оваа институција, како и предноста на францускиот образовен систем.