X
 19.11.2017 Култура

Остров од ѓубре плови по Карипско Море


Остров од ѓубре
(Фото: Youtube screenshot)


Шокантни глетки на загаденост, кои доаѓаат од Карипското Море покажуваат купишта отпадоци кои пливаат на површина од неколку илјади километри.

Фотографката Керолајн Пауерс ги сними овие вознемирувачки фотографии изразувајќи ја својата згрозеност од односот на човештвото кон планетата.

„Луѓето не размислуваат за своите дневни навики и нивното влијание врз нашата планета. Ја имам таа среќа да живеам на место каде тие влијанија се видливи“, истакна Пауерс, која последните 11 години живее на еден мал карипски остров.

Се смета дека отпадот стигнал во морето од Гватемала, преку реките во кои завршил градскот отпад по неодамнешните големи дождовни бури.

„Еднаш кога ѓубрето ќе стигне до морето, многу е тешко, но и скапо да се исчисти оттаму. Отпадот треба да го запреме пред да стигне до морето“, уверена е Пауерс која најмногу е загрижена за животот на морскиот свет, кој најмногу страда од цврстиот и пластичен отпад.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура