X
 28.06.2019 Живот

Ирска кани луѓе да се преселат на живописен остров со само 469 жители

Ако сакате среќа и мир, тогаш ќе уживате во животот на малечок остров во Ирска, кој нуди сè што е потребно за среќен живот.

Станува збор за островот Аранмор. Повеќето луѓе што живеат таму го сметаат за вистински рај. Моментално само 469 луѓе живеат на островот, па Ирска би сакала да го зголеми тој број.

Во еден момент луѓето се колебале дали да се преселат на островот бидејќи немал сигурна интернет-врска. Денес островот е дом на првиот офшор дигитален центар во Ирска.

Ирска прави сè што е во нејзина моќ за да ги натера луѓето да се преселат на овој остров. Испраќа писма до граѓани во САД и во Австралија барајќи од нив да му дадат шанса на островот.

- Вашето патување, без оглед каде се наоѓате на островот, ќе биде само пет минути. Ќе имате одлично искуство во нуркање и во прекрасна морска храна - пишува во писмото до САД.

Создаден е и хаштаг за поттик, #ComingHome. Ирска би сакала луѓето што ќе се преселат на островот да немаат проблеми кога ќе го направат тоа. Островот е оддалечен и не можете да видете копно од брегот, така што самостојноста е прилично важна. Иако постојат неколку километри што ги делат двете страни на островот, постојат многу работи што можете да ги видите и да ги правите. Островот е дом на пештери и има километарски плажи и големи карпи. Оние што живеат на островот водат номадски, дигитален животен стил.

Фејсбук-страницата на островот зборува за тоа дека животот на островот е како одмор цела година. Исто така, туристите можат да уживаат на островот и тие се добри за економијата. Веб-страницата вели дека островот е „див и нескротлив“. Постојат патеки означени низ островот кои ви овозможуваат да истражувате и да добиете прекрасен поглед на околината.

Ако уживате во ноќниот живот, постојат многу работи што можете да ги правите на островот. Пабовите се места за собирање. Исто така, постојат и фестивали и настани што се случуваат во текот на целата година, па така ќе можете да уживате во музика во живо, уметност и многу повеќе.

Повеќе информации можете да дознаете на нивната веб-страница ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот