Играта „Фолдит“, која е базирана на преклопување на протеини, им дава можност на граѓаните-научници да помогнат во пронаоѓањето вакцина за коронавирусот.
Дизајнерите на „Фолдит“ неделава објавија нова загатка наречена „Коронавирус спајк протеин бајндер дизајн“ што им овозможува на корисниците да се обидат да создадат антивирусен протеин што ќе му се спротивстави на протеинот на коронавирусот.
- Коронавирусите прикажуваат „шилести“ протеини на нивната површина, кои се врзуваат за рецепторниот протеин што се наоѓа на површината на човечките клетки. Штом шилестите протеини ќе се врзат за човечкиот рецептор, вирусот може да ја зарази човечката клетка и да се реплицира. Ако дизајнираме протеин што се врзува за овој шилест протеин на коронавирусот, би можел да се користи за блокирање на интеракцијата со човечките клетки и запирање на инфекцијата - се вели во описот на загатката.
Играта „Фолдит“ била создадена од истражувачи од Универзитетот во Вашингтон со намера да се искористи поривот на гејмерите да решат проблеми што ќе помогнат во научната иновација.
Во „Фолдит“ играчот ги превиткува протеинските структури за да создаде нови.
- Колку повеќе знаеме за тоа како се превиткуваат одредени протеини, толку подобро можеме да дизајнираме нови протеини за борба против протеините поврзани со болестите, а со тоа и ќе можеме да ги излекуваме болестите - велат девелоперите на играта.
Постојат две различни нивоа на тежина на загатката. Кај полесното ниво двајца играчи превиткуваат постојни протеински врзувачки
коронавирус. Во потешкото ниво тие го дизајнираат протеинот од нула. Најветувачките решенија на играчите ќе бидат тестирани.
Ако сте заинтересирани да ја пробате играта, можете да ја најдете на веб-страницата на „Фолдит“
тука.
Извор:
The Next Web
Фото: Pixabay