X
 21.12.2020 Образование

УКЛО организира вебинар на тема „Ментално здравје на студентите за време на Ковид-19“

На 23.12.2020 година со почеток во 18 часот ќе се одржи вебинар чија тема ќе биде ментално здравје на студентите за време на оваа криза, кои стресни ситуации се доживуваат и како се справуваат со стресот.

Ќе бидат прикажани резултати од истражувањето во кое учествуваа 244 испитаници-студенти. Во истражувањето е користен онлајн-прашалник што ги содржи психолошките инструменти со кои се мерени анксиозност, депресивност, симптоми на посттрауматско стресно растројство и резилиентност.

Ќе стане збор и за функционирањето на Психолошкото советувалиште при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, кое постои веќе 2,5 години и работи и сега, во новите услови, преку одржување индивидуални средби и работилници онлајн, но и преку бесплатна телефонска линија.

Овој настан е во организација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, Факултетот за безбедност - Скопје и Високата медицинска школа - Битола, а се одржува како пријавен настан за Денови на психологија 2020, поддржан од Националната платформа на Комората на психолози на РС Македонија за унапредување на менталното здравје, под наслов „Ментално здравје 2020: Еден за сите и сите за еден!“

Вебинарот ќе го водат проф. д-р Драгана Батиќ, психолог-психотерапевт, и проф д-р Гордана Ристевска-Димитровска, психијатар, а активно учество ќе земат и студентите.

ТУКА можете да го проследите вебинарот.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование