Марк Закерберг инсистира дека нема планови да се кандидира за претседател. Но, обложувачите не се баш многу убедени. Ирската веб-страница за обложување „Педи Пауер“ дава прилично високи шанси не само да се кандидира туку и да победи во претседателските избори.
Со 20/1 шанси, „Педи Пауер“ смета дека претседателството на Закерберг има еднакви шанси со шансите на Берни Сандерс да победи на претседателските избори во 2020 година, и поголеми шанси за победа отколку Тед Круз (кој има 33/1 шанси). Тоа е прилично неверојатно, со оглед на тоа што Сандерс и Круз завршија на второто место на претседателските избори во 2016 година.
Зошто Закерберг има толку големи шанси? Ли Прајс, главниот директор на односи со јавноста за „Педи Пауер“, вели дека пазарите на обложување одговараат на побарувачката. Ако компанијата види бран на облози за одредено нешто, шансите за тоа значително ќе се намалат.
„Прво и основно, причината зошто Закерберг има такви поволни шанси е тоа што тој привлече многу внимание кај играчите“, вели тој.
„На пример, тој има слични шанси како Двејн Џонсон, кој има 16/1, Џорџ Клуни, кој има 20/1 и доста повеќе од актуелниот претседател Доналд Трамп, кој има 5/2“, додава Прајс.
Тука има уште еден фактор во игра. Минатата година беше катастрофална за обложувачите бидејќи три работи не се исполнија, а шансите беа високи. Првите две се очигледни: Доналд Трамп победи на изборите во Америка (ова ја чинело обложувачницата 3,5 милиони фунти), а втората работа е Брегзитот. Другата е помалку позната - Лестер Сити, фудбалски тим што неодамна се приклучи на англиската топ-лига, ја освои Премиер лигата. На почетокот на сезоната некои
обложувачи предвидуваа дека шансите се 5000/1, со што некои обложувачи добија 250.000 фунти.